Анастас Митрев: Разлика между версии

Изтрито е съдържание Добавено е съдържание
Нова страница: {{Биография инфо | име = Анастас Митрев | портрет = dot.png | портрет-описание = | px ...
 
Редакция без резюме
Ред 16:
 
Анастас Митрев е роден во с. Завој, Охридско во 1884 година. Се школувал во Охрид, Пловдив и Прага. Учителствувал во Кичево и Лерин. Бил учесник во Младотурската револуција и делегат на основачкиот конгрес на НФП од Охрид. Во 1911-1912 година во Солун го редактирал весникот "Учителски глас", орган на организацијата на македонските учители. По балканските војни заминал во емиграција, каде што, имал забележително учество во активностите на Временото претставителство на ВМРО (Об).Соработувал во весникот "Освобождение" и во други прогресивни весници во Бугарија. Заземал истакнато место во движењето и во борбите на македонската прогресивна емиграција во Бугарија каде соработувал со Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров, Павел Шатев, Михаил Герџиков, Александар Динев итн., како и со Крсто Раковски, Димитар Влахов и др. либерални социјалисти. Посебно одбележување заслужува категоричниот однос на А. Митрев кон историската условеност и историските корени на појавата на македонската нација. Уште во летото 1919 година, пред многубројната македонска емиграција во Де-де-Агач, тој на јавен собир истакнал дека борбата на ВМРО против врховизмот во минатото била националноослободителна борба на македонскиот народ против официјалната политика на бугарската држава. И во текот на Втората светска војна, си останал доследен Македонец, но и антифашист. Во 1947 година, по 34-годишна емиграција се вратил во Македонија. Работел во Институтот за национална историја. Публикувал неколку историографски трудови, меѓу кои е и првата биографија на Христо Узунов и други трудови. Починал во Скопје во 1952 година. (Види: Др. Манол Пандевски, Предговор кон Мемоари огледи статии на Анастас Митрев, Скопје 1974, 9-16)
 
http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=42&tid=166